Јокиќ ќе игра за Србија на Евробаскетот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Никола Јокиќ повторно ќе игра за српската репрезентација, а информацијата ја потврди и Кошаркарскиот сојуз на Србија, односно нивниот директор Драган Тарлаќ.

Јокиќ нема да им помогне на сонародниците во квалификациите во јуни за Светското првенство (СП) во 2023 година, но ќе му се приклучи на тимот на Светислав Пешиќ во август.

Србија на ЕП ќе игра против Холандија, Финска, Полска, Израел и Чешка во Прага, додека пласман во четвртфинале ќе обезбедат најдобрите четири селекции во групата.

Евробаскетот ќе се одржи од 1 до 18 септември во Грузија, Чешка, Германија и Италија.