Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ прифатил да игра за неговата татковина на Олимписките игри (ОИ) во Париз следната година.
Кошаркарот на Денвер нагетс го пропушти Светското првенство (СП) на кое Србија освои сребрен медал, но Јокиќ сега реши да се врати во селекцијата.
„Треба да се земе во предвид дека го освоивме сребрениот медал без помош на Јокиќ, но и уште неколку кошаркари. Веќе најавив дека тој ќе игра во Париз. Ги очекуваме игрите со нетрпение“, кажа првиот човек на Олимпискиот комитет на Србија, Божидар Маљковиќ.