Јокиќ повторно блесна, но Мајами направи „брејк“ (Видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Мајами хит триумфираше со 111-108 во Колорадо против Денвер нагетс и израмни на 1-1 во големото финале во НБА-лигата.

Денвер во еден момент имаше предност од 15 поени, а во последната четвртина влезе со разлика од осум поени во своја корист, но Мајами одигра одлична завршница и направи целосен пресврт.

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ повторно доминираше на паркетот со 41 поен и 11 скокови, додека Џамал Мареј постигна 18 поени и 10 скокови.

Во победничкиот состав најефикасен беше Гејб Винслет со 23 поени, додека Бам Адебајо и Џими Батлер постигнаа по 21 поен.