Јокиќ се израмни со легендарнито Чемберлен, Дончиќ даде 32 поени за Далас (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Денвер нагетс славеа против Оклахома сити тандер со 122-117, а тој натпревар го одбележа Никола Јокиќ кој запиша трипл-дабл.

Српскиот кошаркар за речиси 39 минути на паркетот постигна 19 поени, 16 скокови и 13 асистенции, па така го запиша 78. трипл-дабл во кариерата и се израмни со легендарниот Вил Чемберлен на шестата позиција.

Одлична ноќ имаше и Лука Дончиќ во убедливиот триумф на Далас маверикс над Мемфис гризлис со 137-96, кога Словенецот постигна 32 поени, 10 асистенции и седум скокови, додека него го следеше Кристијан Вуд со 25 поени и 12 скокови.

Минатата ноќ неверојатен беше и Јанис Адетокумпо кој со 44 поени и 12 скокови ги распарчи Хјустон рокетс за победа на Милвоки бакс од 125-105.