Јокиќ со нов трипл-дабл го урна Мемфис (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денвер нагетс славеше против Мемфис гризлис со 113-97, а српскиот кошаркар Никола Јокиќ повторно беше одличен на паркетот и стигна до трипл-дабл.

Екипата на Јокиќ го реши мечот во последната четвртина, кога Денвер направи серија од 27-6 и така му избега на големиот ривал.

Србинот постигна 18 поени, 18 скокови и 10 асистенции за Денвер, додека најдобар во победничкиот тим беше Мајкл Портер Јуниор со 24 поени.

На останатите натпревари Атланта славеше против Портланд со 129-111, Бруклин го изненади Бостон со 115-105, а Феникс беше подобар од Чикаго со 125-104.