Јокиќ со трипл-дабл го расплака „кралот“ Џејмс (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денвер нагетс за првпат ќе се бори за шампионската титула во НБА-лигата, откако синоќа славеше со 113-111 против Лос Анџелес Лејкерс за конечни 4-0 во финалето на Западната конференција.

Лејкерс имаше водство од 15 поени на полувремето, но Никола Јокиќ и неговите соиграчи доминираа во вториот дел и направија целосен пресврт.

Јокиќ имаше уште еден неверојатен меч и постигна 30 поени, 14 скокови и 13 асистенции, па така урна рекорд стар 56 години.

Ова за српскиот кошаркар е осми трипл-дабл во плејофот и така го надмина легендарниот Вилт Џемберлен.

На паркетот блескаа и Џамал Мареј со 25 поени и Арон Гордон со 22, додека Леброн Џејмс постигна 40 поени, 10 скокови и девет асистенции за Лејкерс.