Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ со трипл-дабл му помогна на Денвер нагетс да слави против Бостон селтикс со 123-111.
Јокиќ го заврши натпреварот со 30 поени, 12 скокови и 12 асистенции, а средбата на крајот беше прекината бидејќи обрачот се искриви.
Ова за српскиот кошаркар е деветти трипл-дабл оваа сезона, па сега повторно е меѓу кандидатите за МВП-титулата.
На останатите натпревари, Мемфис го совлада Сакраменто (118-108), а Џа Морант притоа постигна 35 поени.
Вашингтон ја запиша петтата победа по ред, откако го декласира Милвоки со 118-95, кој беше беш грчкиот ѕвер Јанис Адетокумпо.