Јокиќ за одлуката да не игра за Србија: Повторно би го направил истото…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кошаркарската репрезентација на Србија минатото лето доживеа вистинско фијаско. Избраниците на Игор Кокошков на Олимпискиот турнир во Белград во финалниот меч за пласман во Токио беа поразени од Италија.

Србија во натпреварот не можеше да смета на некои од најголемите ѕвезди меѓу кои беше и Никола Јокиќ.

Најкорисниот играч на регуларниот дел во НБА-лигата за минатата сезона пред почетокот на олимпискиот турнир реши да не настапи, а тоа ја налути српската јавност.

Центарот на Денвер за американските медиуми ја повтори уште еднаш својата одлука.

„Ја донесов таа одлука. Без разлика дали беше добра или лоша, се држам до неа. Повторно би го направил истото“, кажа Јокиќ.