Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот напаѓач Лука Јовиќ требаше да настапи против Челси во Лигата на шампиони (ЛШ), но тој ќе го пропушти мечот затоа што го повредил скочниот зглоб на мечот меѓу Данска и Србија.
Јовиќ заигра во вториот дел од натпреварот, а на теренот остана само 34 минути, додека последниот настап за „кралевите“ го имаше на 20 јануари против Елче.
Србинот за шпанскиот гигант одигра 49 меча и постигна само три голови, а тоа е малку за напаѓач за кој се трошат четири ипол милиони евра за плата.
Напаѓачот на „кралевите“ ќе си замине од Мадрид, а Реал очекува да добие околу 30 милиони евра за да спаси дел од парите кои ги инвестираше во неговиот трансфер.