Јовиќ и соиграчите не можеа да издржат: Имаше солзи…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на фудбалерите на Ајнтрахт Хитер, истакна дека неговиот тим е разочаран по поразот во полуфиналето во Лига Европа од Челси по пенали, но истакна дека е горд поради се што неговите играчи постигнаа оваа сезона.

„Многу сме разочарани, сонот за заминување во Баку не стана реалност. Заслуживме да бидеме во финалето… Но, исклучително сум горд на својот тим и на она што покажа на „Стемфорд Бриџ“. Сите сонувавме финале. Боли, но мораме да бидеме горди“, истакна Хитер по мечот.

Фудбалерите на Ајнтрахт не успеаа да се пласираат во финалето од Лига Европа бидејќи синоќа загубија од Челси по пенали со 4:3.

„Имаше солзи во соблекувалната… Можам само да им честитам на играчите на сето она што го постигнаа оваа сезона. Ги натеравме луѓето да го забележат нашиот тим оваа сезона и мислам дека тоа е многу важно“, истакна Хитер.

Пред Ајнтрахт сега, по овој разочарувачки пораз, се дуелите против Мајнц и Баерн Минхен во Бундеслигата и битката за место кое води во Лигата на шампионите.

„Мораме да ги подигнеме главите и ова што е можно побрзо да го оставиме зад нас. Пред нас се две важни лигашки натпревари. Име шанси низ Бундеслигата да обезбедиме место во Лигата на шампионите“, истакна Хитер.