Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот напаѓач од екипата на Реал Мадрид, Лука Јовиќ беше на сослушување во Првиот основен суд на јавното обвинителство и постигна договор за случајот кој се води против него поради кршење на правилата за карантин.
Поради кршење на правилото за самоизолација по доаѓањето од Мадрид во Белград, против Јовиќ беше поднесена кривична пријава во март.
Цел процес заврши денеска откако Јовиќ се договори со обвинителството да плати 3,5 милиони динари во хуманитарни цели, доколку не сака да оди во затвор.
„По налог на Првиот основен суд во Белград е сослушан Лука Јовиќ. По поднесување на кривичната пријава, ангажираше адвокати со кои беше постојано во комуникација. Исто така, го замоли обвинителството кон него да се примени одложување на кривичното гонење ако се согласи да плати 3,5 милиони динари во хуманитарни цели“, соопштија од Судот.