Јовиќ на сите им е последна опција: Дали ова е оправдување за само двата постигнати гола? (ВИДЕО)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Многумина се убедени дека Лука Јовиќ ќе го напушти Реал Мадрид, иако тренерот Зинедин Зидан кажа дека ќе смета на Србинот и во иднина.

„Марка“ објави дека српскиот напаѓач е најголемо промашување на „кралевите“. Тој беше платен 60 милиони евра, но не ги оправда очекувањата.

Србинот добиваше шанса од клупата, а сега се појави и видео во кое може лесно да се забележи дека соиграчите баш немаат многу доверба во него.

Многу често беше во ситуација за погодок, но неговите соиграчи не му асистираа, туку се обидуваа сами да ја завршат работата.