Јовиќ не е најголемо промашување на Реал: „Кралевите“ на еден човек му плаќаат по 50 милиони евра од гол!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Беше ангажиран како големо засилување на Реал Мадрид и навивачите имаа огромни очекувања, а не оправда ниту цент кој е вложен во него.

Иако многумина ќе помислат дека станува збор за Лука Јовиќ, сепак тоа е Еден Азар, кој е најголемо промашување на „кралевите“.

Реал Мадрид го купи во 2019 година како замена за Кристијано Роналдо, и тоа за 115 милиони евра и повеќе се дружи со докторите, отколку со соиграчите.

Азар за 18 месеци одигра само 28 меча од вкупно 69 и постојано е повреден. Дури 270 дена не беше на располагање на тренерот.

Белгиецот во Реал годишно заработува неверојатни 30 милиони евра, што значи дека за престој во Мадрид досега доби 45 милиони евра, плус парите за трансфер, тоа се 160 милиони евра.

Во превод, Азар го чини Реал околу пет милиони евра по меч, а исто така тој постигна само три гола, што значи дека секој гол му чини нешто повеќе од 50 милиони евра.