Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот напаѓач Лука Јовиќ конечно влезе во голгетерска форма и сите ги израдува во Реал Мадрид, но денеска го дочекаа лоши вести затоа што неговиот тест бил позитивен на ковид-19.
Шпанскиот клуб објави дека Јовиќ се вратил во Шпанија и дека е заразен со вирусот, поради што го очекува 14-дневна изолација.
„Реал Мадрид ја известува јавноста дека нашиот фудбалер Лука Јовиќ доби позитивен резултат на тестот на ковид-19 направен во петокот наутро“, пишува во соопштението.
Тренерот Зинедин Зидан повторно ќе се соочи со проблеми затоа што му следат многу натпревари во следниот период, а нема да може да смета на услугите на Јовиќ, кој конечно почна да изгледа како во неговите добри денови во Ајнтрахт Франкфурт.