Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот напаѓач Лука Јовиќ стигна летово во Реал Мадрид од Ајнтрахт Франкфурт. А уште на самиот почеток на соработката, Јовиќ покажува за каков карактер станува збор.
Јовиќ е свесен за големата конкуренција во нападот од Карим Бензема, кој без оглед на формата игра постојано во врвот на нападот. Поради тоа реши да го поправи впечатокот кај францускиот тренер Зинедин Зидан.
Шпанските медиуми стигнаа до информација дека Јовиќ го скратил потребниот летен одмор и дека следната недела ќе се најде на теренот за да се подготви за новата сезона.
Напаѓачот наместо на 24 јули ќе се врати уште во понеделник во тренинг-центарот на „кралевите“ за да се запознае со персоналот и колегите, а гестот ги изненадил Зидан и раководството на клубот.
Jovic to cut holidays short as he bids to prove himself to Real Madrid boss Zidanehttps://t.co/h8GIbDBFxN
— AS English (@English_AS) July 6, 2019