Јовиќ за српските медиуми: Смешни ми се насловите за тоа дека ќе одам на позајмица…


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Лука Јовиќ одигра десетина минути, наместо Карим Бензема, за Реал Мадрид, па Србинот вели дека е пресреќен во редовите на шпанскиот гигант.

Според неговите зборови во интервјуто за српските медиуми може да заклучиме дека Србинот е среќен во Мадрид.

„Феноменално е чувството да се одигра првиот меч за најголемиот клуб во светот. Впечатоците се позитивни, победивме и покажавме за каков тим станува збор“, кажа напаѓачот на Реал.

Сепак, долго време се шпекулира за неговата иднина, односно дека ќе замине на позајмица.

„Смешни ми се насловите на медиумите дека ќе заминам на позајмица. Јас од почетокот на кариерата се навикнав на секакви коментари, па се помирив со тоа“, објаснува Србинот.