Јунајтед даде гол во 93. минута, но од офсајд? ВАР молчеше, а навивачите на Вест хем збеснаа! 📸

Манчестер јунајтед славеше против Вест хем со гол на Маркус Рашфорд во 93. минута. Претходно Боуен направи голема грешка и му дозволи на ривалот да напрви одлична акција, која ја почна Марсијал и додаде до Кавани, а потоа Уругваецот го пронајде стрелецот на погодокот.

Сепак, додека Јунајтед славеше, фудбалерите на Вест хем бараа офсајд, а поради проверка на ВАР-технологијата не им беше сеедно ниту на домашните навивачи.

Снимката не беше објавена во директен ТВ-пренос, а кога заврши натпреварот, навивачите на Вест хем останаа изненадени и објавија фотографија според која сметаат дека имало офсајд во последната акција на противникот.