Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед дефинитивно ќе го притисне германскиот тим, Борусија Дортмунд за нивниот фудбалер Џејдон Санчо.
Според „ЕСПН“ Манчестер Јунајтед кој донесе само тројца нови фудбалери во летниот преоден рок и не донесе замени за Лукаку и Санчез, ќе тргне по услугите на Џејдон Санчо во јануарскиот преоден рок.
Доколку не успее да го убеди германскиот клуб да го пушти Санчо во јануари, Манчестер Јунајтед ќе тргне по уште еден млад англиски фудбалер, Џејмс Медисон кој во моментов со успех настапува во дресот на Лестер Сити.