Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед соопшти дека на тренинзи се вратил Лук Шо, кој во изминатите три месеци беше надвор од терените поради повреда.
Ова се одлични вести за тренерот Ерик Тен Хаг кој ќе добие засилување во одбраната за натпреварот против Евертон, која се игра на 26 ноември на „Гудисон парк“.
Шо ги одигра само првите два натпревари против Вулверхемптон и Тотенхем, по што се повреди и беше надвор од терените од август.
На листата на повредени на „Олд Трафорд“ сè уште се Мартинез, Касемиро, Хојлунд, Ериксен, Еванс и Онана.