Јунајтед е упорен: Касемиро им спушти слушалка, ама тие сега го мамат со 80 милиони евра


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Манчестер јунајтед бара нов фудбалер за врска, а откако не успеа да ги купи Френки Де Јонг и Адриен Рабио, премиерлигашот ќе се обиде да го купи Касемиро.

Вчера се појави приказна дека Касемиро им спуштил слушалка на луѓето од Јунајтед, кои го побарале за да разговараат за трансфер, но сега доаѓа информација дека гигантот од Манчестер ќе му понуди многу пари.

„Ѓаволите“ му нудат двојно поголема плата на Касемиро од таа што ја заработува во Реал Мадрид, а исто така на шпанскиот шампион му нудат 80 милиони евра за трансферот.

Касемиро има договор со Реал Мадрид до 2025 година и не планира да си замине, но останува да видиме дали Јунајтед ќе го премисли.