Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед одигра 1-1 против Евертон во минатото коло на Премиерлигата, а Мејсон Гринвуд го спаси клубот од пораз по водството на „карамелите“.
Јунајтед е еден од клубовите кои најмногу трошат во последните преодни рокови, а само минатото лето вложија 140 милиони евра во одбрана, односно 85 милиони за Хари Мегваер и 55 милиони за Ван-Бисака.
Во Премиерлигата не успеаа да ја зачуваат мрежата на 12 натпревари по ред, а последен пат тоа им успеа против Лестер во победата од 1-0 на средината на септември.
Од тогаш Де Хеа и фудбалерите пред него секогаш примаат барем еден гол по меч, а ова е најлошата серија на Јунајтед од 1971 година.