Јунајтед ги повика своите фудбалери да се вратат во Англија


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Како и речиси сите останати лиги во светот, така и Премиерлигата беше прекината поради пандемијата на коронавирусот. По прекинот, голем број играчи се вратија во своите држави, а сега се појавија знаци за можен рестарт на првенството.

Од Манчестер јунајтед ги повикаа сите свои фудбалери кои се наоѓаат надвор од Англија да се вратат до крајот на неделата во Англија.

Причина е можноста да продолжи првенството, но и почеток на тренинзите треба да се случи до крајот на месецот.

Засега не е познат точниот датум кога Оле Гунар Солскјер може да ги продолжи тренинзите со екипата, а во Англија треба да се вратат Бруно Фернандеш, Фред, Виктор Линделоф и Серхио Ромеро.