Јунајтед го договорил Санчо, следат преговори со нов англиски репрезентативец


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Некои медиуми во Англија пренесуваат дека Манчестер Јунајтед е блиску до ангажман на две нови засилувања.

„Индипендент“ објави дека „ѓаволите“ наводно го договориле Џејдон Санчо кој се согласил на астрономска плата која би ја земал на „Олд Трафорд“. Младиот крилен фудбалер ќе пристигне во Јунајтед и ќе заработува околу 400.000 фунти неделна плата.

„Дејли Стар“ пак пишува дека освен Санчо, Солскјер е блиску до ангажман и на Џејмс Медисон од редовите на Лестер.

Освен Медисон и Санчо, со Јунајтед се поврзува уште еден англиски фудбалер, а тоа е Џек Грилиш од Астон Вила.