Јунајтед го нудел Роналдо на клубови, но никој не го сакал!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед неодамна се раздели со Кристијано Роналдо, откако Португалецот имаше интервју со Пирс Морган во кое го нападна тренерот Ерик Тен Хаг.

Тен Хаг се обидел да се ослободи од Роналдо кој не му се вклопувал во системот, но притоа сите обиди за трансфер биле неуспешни.

„Ѓаволите“ го нуделе Роналдо на позајмица, при што побарале од тимовите да платат само 17 отсто од неговата плата која изнесуваше 450.000 евра неделно.

Интересно е тоа што никој не го сакал Роналдо, па на „ѓаволите“ не им остана друг избор освен да го избркаат од клубот, а засега не е познато каде ќе ја продолжи кариерата.