Јунајтед го објави изгледот на уште еден дрес, на Ибра баш добро му стои

Во петок наутро, во пресрет на пријателскиот натпревар против Галатасарај, Манчестер Јунајтед го објави изгледот на третата гарнитура на дресови.

Во новата сезона Јунајтед ќе игра во нови дресови – првите се црвени, другите сини, а третите бели. Белиот дрес има црна јака, стандардни линии на Адидас по страните и изгледаат навистина елегантно.

Меѓу останатото, овој дрес го промовираше и Златан Ибрахимовиќ, моментално најголема ѕвезда на клубот.