Јунајтед го отпиша Лингард, а сега три гиганти се борат за него!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џеси Лингард беше отпишан, но со одличните настапи во дресот на Вест хем привлече големо внимание на себе.

Манчестер јунајтед го испрати на позајмица во Вест хем, каде што се препороди и за два ипол месеци постигна осум голови.

„ЕСПН“ пишува дека Вест хем сака да го откупи, но во исто време гиганти како Реал Мадрид, ПСЖ и Интер се борат за неговиот потпис.

Со оглед на тоа дека има уште една година од договорот со Јунајтед, сигурно неговата цена ќе биде пониска.

Лингард постигна два гола во победата од 3-2 против Лестер и го врати Вест хем во трката за место кое води во Лигата на шампиони.