Јунајтед го „резервираше“ талентот на Салцбург, а Солскјер го сака и – Лаутаро Мартинез!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер би можел во јануари да добие три квалитетни засилувања бидејќи англиските медиуми објавија дека гигантот е подготвен да потроши 120 милиони фунти на Лаутаро Мартинез и Леонардо Паредес.

Покрај нив двајца, во Манчестер треба да пристигне Ерлинг Холанд, кој веќе бил договорен ако може да им се верува на Англичаните.

„Црвените ѓаволи“ мора да ангажираат нови засилувања поради катастрофалниот прв дел од сезоната вокоја победија на само шест меча од 16.

Јунајтед го сака Мартинез, кој досега постигна осум голови во Серија А и пет во Лигата на шампиони, а од друга страна Холанд постигна 28 погодоци за Салцбург.