Јунајтед и Рома не се договорија, сега за Смолинг притиска Јувентус кој нуди еден свој играч


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед и Романе се договорија за продолжување на договорот на Крис Смолинг кој ќе се врати во следните денови во Манчестер.

Смолинг сепак нема да има дозвола да игра во Лига Европа за „ѓаволите“, а веројатно клубот од Островот ќе бара решение за негова продажба ова лето.

Како што пишува „Калчомеркато“ за него интерес има од тимот на Јувентус кој сака да го доведе во своите редови за да ја засили последната линија пред Војчех Шчесни.

За да го обезбедат неговиот потпис и за  да не платат ни евро, Јувентус е подготвен да го понуди Федерико Бернардески на Манчестер Јунајтед.