Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед се подготвува за ремонт на екипата во текот на летото, па се шпекулира дека главна цел на премиерлигашот е напаѓачот Хари Кејн од Тотенхем.
„ЕСПН“ објави дека Јунајтед се обидува да пронајде начин за да го добие Кејн од Тотенхем, иако тоа воопшто нема да биде лесно.
Тотенхем за неговиот трансфер наводно сака 115 милиони евра, а тоа е премногу за „црвените ѓаволи“.
Идејата на Јунајтед е да го понуди Ентони Марсијал во трансферот со цел да ја намали цената на Кејн и да го убеди газдата Даниел Леви да попушти, иако е познат како тежок преговарач.
Англискиот репрезентативец има договор со Тотенхем до 2024 година, а минатото лето беше подготвен да го напушти клубот, но сепак на крајот остана во Лондон.