„Јунајтед можеби победи, но не играше подобро од Ливерпул“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер даде изјава за вчерашниот триумф на Манчестер јунајтед од 2-1 против Ливерпул.

Швајнштајгер во минатото го носеше дресот на Манчестер јунајтед и кажа дека е среќен поради победата, иако не му се допаднала играта.

„Навивам за Јунајтед и среќен сум поради победата, но тоа не беше добра игра. Ливерпул одигра подобро и почесто ја контролираше топката, но за среќа не успеа да ги реализира шансите. Јунајтед има вистински пристап, играчите трчаат многу, но сметам дека и навивачите помогнаа за првата победа во сезоната“, вели Швајнштајгер.

Ова беше прва победа за Јунајтед по двата порази во воведните две кола во Премиерлигата.