Јунајтед не го дава Манчестер: „Ѓаволите“ со победа на „Етихад“ се доближија до ТОП 4 (Видео)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Манчестер Јунајтед славеше голема победа на гостувањето кај Манчестер Сити со 2:1.

Градското дерби го обележаа „ѓаволите“ кои играа фуриозно во првите 30. минути кога преку Маркус Рашфорд и Ентони Марсијал успеаја да стигнат до водство од 2:0.

Гостите на овој натпревар одолеваа до самиот финиш кога во 85. минута потклекнаа и примија гол од Николас Отаменди кој најдобро се снајде во шеснаесетникот на Де Геа.

До крајот „граѓаните“ се заканија преку Махрез, меѓутоа Де Геа беше на вистинското место, па трите бода заминаа на „Олд Трафорд“.

Головите од средбата погледнете ги на следниот ЛИНК