Јунајтед не застанува со ангажманот на Ван Бисака: До крајот на неделава уште едно засилување


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако по ангажманот на Даниел Џејмс како да влегоа во сон, челниците на Манчестер Јунајтед ќе ги израдуваат своите фанови со две засилувања за многу краток период.

Имено, откако утре и дефинитивно Ван Бисака ќе го облече дресот на Манчестер Јунајтед, челните лица на клубот ќе тргнат во офанзива по играчот на Спортинг Лисабон, Бруно Фернандес.

Играчот од средниот ред е голема трансфер желба на Оле Гунар Солскјер, а португалскиот весник „А Бола“ пишува дека трансферот ќе биде реализиран до крајот на оваа недела, а во најлош случај во првите неколку денови од следната недела.