ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Реал Мадрид сака ова лето во своите редови да го донесе Џејдон Санчо, барем така тврди шпанскиот магазин „АС“.
Иако „кралевите“ најавија дека нема да купуваат фудбалери поради пандемијата на вирусот, сепак тоа нема да се случи, односно тие сепак ќе го купат Санчо.
Санчо со одличните настапи во Бундеслигата привлече големо внимание на клубовите, а најчесто беше поврзуван со Манчестер јунајтед, но ако Реал испрати подобра понуда, сигурно „милионерите“ нема да ја одбијат.
„Санчо го посакува Манчестер јунајтед, кој сака од него да направи нов Кристијано Роналдо. Отакко Португалецот замина во 2009 година,Јунајтед не пронајде сличен талент, затоа нема лесно да се откаже од него“, пишува во текстот на шпанскиот магазин.
☀️ ¡Buenos días!
— Diario AS (@diarioas) June 3, 2020
?️ Esta es la #PortadaAS de hoy#FelizMiércoles pic.twitter.com/l4zh5PP54h