Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Астон вила на домашен терен беше совлада со 0-2 од Челси, а неверојатен на голот беше Кепа Аризбалага, кој запиша неколку неверојатни интервенции, додека Манчестер јунајтед одигра реми против Њукасл (0-0).
Уште на самиот старт Челси постигна гол за водство, иако играше многу лошо, откако Мингс направи грешка и истата ја искористи Мејсон Маунт.
Англискиот репрезентативец постигна и втор гол на натпреварот, и тоа од слободен удар кога го матираше Мартинез.
Натпревар без голови, но со многу шанси одиграа Манчестер јунајтед и Њукасл, па така Челси успеа да го скокне ривалот од „Олд Трафорд“.