Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Манчестер јунајтед му го прекина договорот на Кристијано Роналдо поради контроверзното интервју, па Португалецот си заминува бесплатно од премиерлигашот и може да преговара со останати гиганти.
Англиските медиуми објавија дека Роналдо и Јунајтед се договориле да го прекинат договорот без премиерлигашот да му плати обештетување.
„Ѓаволите“ така ќе заштедат 17 милиони фунти поради заминувањето на Роналдо, но тоа ќе ги промени плановите за јануари затоа што Јунајтед мора да биде активен и да ангажира нов напаѓач.