Јунајтед за да ги „откачи“ Барселона и Реал Мадрид му нуди двојно поголема плата на Фернандеш


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Бруно Фернандеш пред речиси една година пристигна во Манчестер јунајтед и се покажа како големо засилување, па поради тоа премиерлигашот сака да му понуди нов договор и двојно поголема плата на Португалецот, кој сезонава е еден од најдобрите играчи на „ѓаволите“.

„Мирор“ објави дека управата на Јунајтед е подготвена да му понуди двојно поголема плата на Фернандеш, кој со новиот договор би заработувал по 200.000 фунти неделно.

Јунајтед реши да го одбие интересот од Барселона и Реал Мадрид, кои го посакуваат Португалецот, но кој дефинитивно ќе остане во Манчестер доколку добие таква понуда.

Фернандеш беше купен од Спортинг Лисабон за 55 милиони евра и на 16 меча постигна десет голови и шест асистенции.