Јунајтед за Санчо е минато: Сакам да бидам среќен!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Фудбалерите на Борусија Дортмунд вчера триумфираа против Дармштад со 3-0 во 17. коло од Бундеслигата, а на мечот настапи и Џејдон Санчо.

Англискиот фудбалер неодамна се врати во Дортмунд откако имаше неуспешна авантура во Манчестер јунајтед.

„Мило ми е што веднаш му помогнав на тимот со асистенција. Како што кажав, се чувствувам како дома. Мило ми е што се вратив на теренот и сакам само да бидам среќен“, кажа Англичанецот.

За англискиот фудбалер ова е прв настап од август 2023 година, кога се скара со тренерот Ерик Тен Хаг и беше отстранет од екипата.