Јунакот од Славија: Меси и останатите само си заминаа и не сакаа ниту да се поздрават


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Славија Прага успеа да освои голем бод против Барселона на Камп Ноу.

Гостите од Чешка поголемиот дел од натпреварот се бранеа од нападите на Каталонците, а дефинитивно јунакот на овој натпревар беше голманот Ондреј Колар.

Тој, посебно во второто полувреме после неколку фантастични интервенции успеа да ја сочува својата мрежа, но по завршетокот на натпреварот имаше замерка на сметка на Барселона.

Имено, Колар, за чешките медуми изјави дека целиот тим се радувал на средбата со големите звезди од Барселона, но дека нивното однесување по натпреварот не е за пофалба.

„Меси и останатите едноставно само си заминаа, некои од нив не се поздравија. Беше тажно.“, рече Колар.

„Сите бевме весели поради средбата со тие големи играчи, сакавме да ги замениме дресовите после натпреварот, но не се однесуваа баш најдобро“.

Голманот на Славија сепак го пофали однесувањето на голманот Тер Штеген.
„Тој ме чекаше во тунелот. Ме застана и ми рече дека долго време немал видено таков добар настап на голман и дека му било задоволство да ме гледа како добро играм.“