Јирген Клоп критикуван поради новиот ангажман по заминувањето од Ливерпул – „си ја продаде душата“!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Јирген Клоп прифати нова работа, а тоа не беше добро прифатено кај навивачите на неговите претходни клубови, откако легендата на Ливерпул се согласи да се приклучи на Ред Бул како негов глобален директор за фудбал.

Поранешниот тренер на „црвените“ беше без работа откако го напушти Ливерпул на крајот од минатата сезона, но ќе ја продолжи својата кариера во фудбалот од јануари следната година.

Ред Бул Лајпциг е многу непопуларен тим меѓу навивачите на ривалите во Германија поради неговата сопственичка структура, и овој потег не беше добро прифтен кај навивачите на Маинц и Борусија Дортмунд. Клоп помина по седум години во секој од клубовите.

Лајпциг не постоеше како клуб до 2009 година, кога Ред Бул ја презеде контролата на петтолигашот ССВ Маркранштад, а потоа го промени името на тимот како и бојата на неговите дресови. Со помош на огромна инвестиција, Лајпциг„скокна“ преку лигите и стигна до Лигата на шампионите во рок од 10 години.

Репортерот Арчи Ринд-Тут откри некои од пораките што ги добил од навивачите на Дортмунд по објавата на оваа вест. „Фудбалот е мртов; Тој е апсолутно мртов за мене. Ова ме прави да се чувствувам ужасно. Си ја продаде душата“, беа само дел од коментарите на навивачите.

.