Јуве е подготвен да го продаде: Роналдо сака да се врати во Реал, но засега молчат во Мадрид!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Кристијано Роналдо сака да се врати во Реал Мадрид, од каде што во 2018 година замина во Јувентус. Оваа сензационална вест ја објави шпанска „Марка“, која добила информација од извори блиски до Португалецот.

Роналдо се раздели со тимот од Мадрид на непријатен начин, откако со речиси сите фудбалери се скара, а не дојде ниту на доделување на „Златната топка“ на Лука Модриќ, па единствен играч со кој остана во контакт е Марсело.

Сепак, работите се променија, па така Роналдо во март годинава беше гостин во свечената ложа за време на „Ел Класико“, а потоа бурно го прослави и триумфот на „кралевите“.

Шпанскиот медиум тврди дека Јувентус е подготвен да се откаже од Роналдо поради неговата голема плата од 31 милион евра, но засега од Мадрид молчат и ја следат ситуацијата.