Јуве закажа претставување за Игуаин?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесоа денеска дека Гонзало Игуаин се наоѓа на чекор од премин во Јувентус.

Како што пишува Football Italia Јувентус е спремен да плати 94 милиони евра за напаѓачот на Наполи кој веќе на средината на следната недела треба да биде претставен како ново засилување на Старата дама.

Челниците на актуелниот шампион на Италија се одлучи да ја активира клаузулата на аргентинскиот играч. Наводно, Игуаин веќе денеска треба да ги помине лекарските прегледи, и веќе во вторник да се приклучи на подготовките на својата нова екипа.

Игуаин и понатака се наоѓа на продолжен одмор поради настапот на Копа Америка, а доколку трансферот заврши во дресот на Јувентус може да дебитира на 7 август во пријателски натпревар против Вест Хем.