Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми пишуваат дека Масимилијано Алегри ќе го напушти Јувентус на крајот на сезоната, па кариерата ќе ја продолжи во друга држава.
„Калчомеркато“ пишува дека Алегри дефинитивно наредната сезона нема да биде тренер во Јувентус, а тие сметаат дека Италијанецот ќе се пресели во ПСЖ, кој не е задоволен со Томас Тухел, зашто не стигнаа до завршницата на Лигата на шампиони.
Сегашниот тренер на Јувентус наскоро ќе има состанок со претседателот на „Старата дама“, а најверојатно ќе го напушти клубот по неколку поминати сезони.
Потоа Алегри ќе замине во Париз, кадешто ќе има состанок со управата на ПСЖ и ќе ги договори условите за преземања на францускиот шампион.
Алегри во Париз со себеси најверојатно ќе го земе и Миралем Пјаниќ. Фудбалерот од Босна и Херцеговина сезонава одигра 42 натпревари, а постигна четири гола и осум асистенции.