Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Јувентус во текот на летото ќе бара нов напаѓач затоа што италијанскиот клуб очигледно смета дека му поминало времето на Гонзало Игуаин.
„Тутоспорт“ пишува дека Јувентус сака да ангажира напаѓач, кој има слични карактеристики како Карим Бензема, така што Кристијано Роналдо ќе добие помош.
Спортскиот директор Фабио Паратичи како приоритет го избра Хари Кејн, иако неговиот трансфер би бил многу скап, односно се споменува сума меѓу 150-170 милиони евра.
Одличниот напаѓач потпиша нов шестгодишен договор со Тотенхем во 2018 година вреден 17 милиони евра по сезона, но елиминацијата од Лигата на шампиони е една од причините поради која Јувентус сака да го купи.