Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот италијански шампион Јувентус е во завршни преговори со ПСЖ за трансферот на Леандро Паредес, а во тимот од Торино се очекува да пристигне и Мемфис Депај од Барселона.
Новиот тренер на ПСЖ, Кристоф Галтие кажа дека не му е потребен Паредес, кој ќе добие годишна плата од пет милиони евра во Јувентус, а парите од продажбата на Адриен Рабио ќе бидат искористени за купување на Аргентинецот.
Долго време се шпекулира и за иднината на Депај, а Јувентус е сериозен кандидат за неговиот потпис, па се обидува да го договори одличниот фудбалер.
Тренерот Масимилијано Алегри вчера доби уште едно засилување, откако пристигна Филип Костиќ од Ајнтрахт Франкфурт.