Јувентус договорил играч на Барселона, работата ќе биде потврдена пред продолжувањето на првенството


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус и Барселона биле блиску до договор за трансфер на 23 годишниот фудбалер од средниот ред, Артур. Ова го пишува „Мундо Депортиво“ кој пренесе дека Бразилецот е на прагот од трансфер во Торино.

Артур не е стандарден кај Кике Сетиен, па во последните 11 натпревари само на четири заигра од првата минута.

Јувентус за него ќе плати 30 милиони евра и во Барселона ќе го прати Федерико Бернардески за кого Барселона се интересираше и минатото лето.