Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус оваа зима ги договори трансферите на Душан Влаховиќ и Денис Закарија, но веќе почна да планира засилувања за следното лето, а на списокот со желби на тренерот Масимилијано Алегри е Николо Заниоло од Рома.
„Старата дама“ е заинтересирана за 22-годишниот фудбалер на Рома, кој важи за еден од најдобрите млади играчи во Серија А.
Поранешниот шампион уште во јануари почнал преговори со агентот на Заниоло, а следниот чекор ќе биде да ја убедат управата на Рома да го продаде својот талентиран фудбалер.
„Не може никој да гарантира дека Заниоло ќе игра во Рома следната сезона“, кажа директорот на Рома.
Заниоло во минатото имаше многу проблеми со повреди, а договорот со Рома му завршува во 2024 година, па засега нема знаци дека би можел да му биде продолжен.