Јувентус го купува „новиот Погба“ од Ајакс

Од таборот на Јувентус ја разгледуваат можноста да го донесат еден од најдобрите фудбалери во академијата на Ајакс.

Станува збор за 16 годишниот фудбалер од средниот ред, Рајан Гравенберх кој веќе е редовен во у21 тимот на Ајакс.

Гравенберх е играч кој во стилот на играта многу потсетува на Пол Погба кој остави значителна трага во Јувентус додека настапуваше за овој клуб.

Агент на младиот Гравенберх е Мино Раиола кој има блиски релации со клубот од Торино и ќе се обиде да притисне за негов трансфер во Јувентус.