Јувентус го потврди заминувањето на Матуиди, а потврди и една лоша вест за клубот


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Од таборот на Јувентус денеска соопштија две важни вести поврзани со овој клуб.

Првата е дека Блаз Матуиди по три години поминати во Торино и дефинитивно си оди од клубот и веројатно кариерата ќе ја продолжи во Интер Мајами.

Втората е дека фудбалерот од одбранта, Матијс Де Лихт е опериран во текот на денешниот ден.

Неговата рехабилитација ќе биде доста долга и ќе трае околу три месеци што значи дека младиот стопер дефинитивно ќе го пропушти стартот на новата сезона.