Јувентус го преслуша Удинезе, Несторовски го одигра целиот натпревар


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Екипата на Јувентус славеше убедлива победа против Удинезе во рамките од италијанскиот Куп.

Шампионот на Италија победи со големи 4:0 со по два голови постигнати во двете полувремиња.

Игуаин го отвори резултатот, а на 2:0 зголеми Пауло Дибала. Со овој резултат се замина на одмор, а во вториот период Јувентус постигна уште два погодоци.

Аргентинецот Дибала со својот втор гол донесе водство од 3:0, а точка на натпреварот стави Даглас Коста од пенал.

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски го одигра целиот натпревар во Торино.