Јувентус го вклучува новото засилување во преговорите за ангажман на Ериксен


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од редовите на Јувентус се подготвени да го вметнат Адриен Рабио во понудата која ќе ја испратат до Тотенхем за да го обезбедат потписот на Кристијан Ериксен.

Данскиот фудбалер ќе си замине од Тотенхем во јануари затоа што „петлите“ сакаат да заработат нешто од неговиот трансфер, а Јувентус сега им подготвува понуда која не се одбива.

Клубот од Торино ќе оди на директна замена Рабио- Ериксен, па така и двете страни би биле во добитна комбинација.

Јувентус го донесе Рабио како слободен агент ова лето, па нема да ги чини ништо доколку го „трампаат“ за Ериксен. Тотенхем исто така беше заинтересиран за Адриен Рабио кој во последен момент се одлучи да потпише за тимот на Јувентус.